Се унапредува концептот за екстерно тестирање

Премиерот откри и дека имало дискусии во правец на подобрување на формулата за пресметка на просекот на ученикот, а  исто така и да се провери дали за одговорите на прашањата има некои кои ги нема во учебниците со оглед на тоа што е дозволено да има различни учебници за одреден предмет.

Првичните одговори што ги добив се дека не постојат такви аномалии, но сепак дадов повратно да се провери дали сепак се случило во одредена ситуација да има прашање чиј  одговор го има во некој учебник, а во друг го нема. Се разбира, ако има таква ситауција тоа треба да се корегира. Се  размислува и за ангажман само на надворешни лица за набљудувачи затоа што присуството на истите наставници кои ја дале оценката може да доведе до одредени субјективности.  Отворена е и можноста за комисиско разгледување на приговорите, но и за други прашања за коиМОН понатаму ќе изврши дополнителни  консултации и на крај сето тоа повторно ќе се врати во Владата на разгледување и заземање конечен став и одлука што и како треба да се подобри.  Целта е да се направи и креира ситуација да се вратат повисоките стандарди, доколку е можно и повисоки од оние кои беа пред почетокот на транзицијата, а со тоа да се помогне на децата да имаат повеќе знаење и иднина во нивните кариери и животен развој, изјави тогаш премиерот Груевски.

Дел од понудените предлози за унапредување на екстерното тестирање, кореспондираат и со предлозите кои во изминатиот период јавно ги изнесоа влијателни општествени чинители, како поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски, кој му даде отворена поддршка на процесот.

Мислам дека е фер да се каже дека посакуваните ефекти се делумно остварени, напиша Јовановски во колумна за “Економија и Бизнис“.

Се одложува и примената на најавените новини во полагањето на државната матура

Од Владата неколку пати досега посочија дека секој конструктивен предлог, прифатлива идеја и сугестија за унапредување на системот, во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, ќе биде сериозно разгледана и одлуката по однос на истата ќе биде донесена согласно ставот на сите учесници во дискусиите во периодот кој следи. Пракса која и досега постоеше, но која многупати беше минирана и постоеја и обиди за девалвација.

Во меѓувреме…