Се унапредува концептот за екстерно тестирање

Во меѓувреме, Владата најави дека се одложува и примената на најавените новини во полагањето на државната матура, за септември 2016-та година. До тогаш ќе се работи на нов модел, прифатлив за сите засегнати страни. Годинашната генерација матуранти ќе полагаат по стариот концепт, во кој математиката нема да биде задолжителен, туку изборен предмет.

Измените на Законот за високо образование и за државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе направиме се што е во наша моќ да бидат вклучени сите засегнати страни за да се дојде до најдобрите можни решенија. Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение, изјави премиерот Груевски.

Најавените измени…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.