Се унапредува концептот за екстерно тестирање

Најавените измени во концептот на полагање на екстерно тестирање ќе бидат од помош за сите оние кои полагаат. Концептот ќе ги задржи постоечките сегменти кои докажаа дека вакво тестирање е потребно и кои придонесоа за успех, но ќе биде надграден со цел истиот да биде подобар и поуспешен.

Екстерното тестирање во Македонија е меѓународно признаено

Екстерното тестирање кое се применува во Република Македонија како концепт за проверка на објективноста на оценувањето на наставниците и проверка на степенот на постигнувањата на учениците е меѓународно познат и признат, а го практикуваат 30 европски образовни системи и 24 земји од ОЕЦД.

Според креаторите на образовните политики, овој процес го означи почетокот на крајот на ерата во која царуваше неправично оценување кое започна како тренд во деведесетите кога многу општествени моќници непосветеноста кон развојот на своите деца сакаа да ја компензираат со поправање на нивните оценки, преку притисоци врз наставниците и професорите. Како што неколку пати беше посочувано, главната цел на овој концепт е учениците да добиваат реални оцени затоа што незаслужените 5-ки во иднина на учениците ќе им донесат проблем на пазарот на труд и во понатамошното образование.

Процесот на ваков тип тестирање во Македонија се спроведува веќе 3 години и ги дава очекуваните резултати. Откако е воведено екстерното тестирање, значително се подигна објективност во оценувањето на наставниците и се намали нереалното пишување оценки.

За целиот овој период беа разгледувани и прифаќани забелешки, предлози и сугестии кои беа оправдани,  со што неколку пати беа направени корекции во насока на подобрување на системот. Потребата за дел од измените беше увидена од  имплементаторите, но дел и по сугестии и забелешки на засегнатите страни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.