Се уредува централното подрачје на росоманското село Манастирец

манастирец

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов денеска информираше дека станува збор за поголем проект од комуналната инфраструктура со кој се опфатени и улици во населените места.

Временските услови дозволуваат интензивно да се работи на терен. Финансиската конструкција на овој зафат во Манастирец чини еден милион денари, а проектот кој опфаќа и поплочување на улици со бекатон плочки е вреден околу три милиони денари. На инфраструктурата интензивно ќе се работи и во иднина, како и досега, не само во Росоман, туку и во населените места, рече Лазов.

Парите за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на општината.

Претходно беа уредени и централните подрачја во селата Трстеник и Паликура.