Се уредува коритото на реката Отиња во Штип

Општина Штип продолжи со уредување на коритото на река Отиња.

Заради врнежите од дожд, нестабилното време, а пред се заради текот на вода низ коритото, беше невозможно да се преземаат градежни зафати. Со зголемување на темперетурите, создадени се услови за продолжување на овој важен проект за Општина Штип:

– Остануваме на заложбите да го уредиме целосно коритото на Отиња, бидејќи тоа е еден од најважните проекти на локалната самоуправа. Она што беше наша замисла, да го прибилижиме внатрешниот дел на Отиња до граѓаните го постигнавме. Со уредувањето на реката, пешачките патеки и поставувањето на клупите, добиваме се повеќе пофалби и честитки. Коритот заживеа, има и млади и стари кои одмораат и затоа сме решени да го реализираме комплетно овој проект до крај – изјави Захариев.

Паралелено со продолжувањето на активностите во Отиња, денес беа промовирани четири паркови површини во строгиот центар, веднаш до градскиот плоштад.