Се урна американски воен авион во Германија, пилотот преживеал

Се урна американски воен авион во Германија, пилотот преживеал
Се урна американски воен авион во Германија, пилотот преживеал

Американски воен авион се урна утрово на југот од Германија, но пилотот успеал да се катапултира и се здобил само со полесни повреди, објави локалната полицијата.

Пилотот успеал да се катапултира и се здобил само со полесни повреди
Пилотот успеал да се катапултира и се здобил само со полесни повреди

Станува збор за американски борбен авион од типот „F-16“. Локацијата на којашто се урнало леталото е пошумена, па се испратени пожарникари да го изгасат пожарот предизвикан при несреќата.

За сега не е познато што би можело да биде причина за несреќата, а германската телевизија N24 пренесува дека наводно станува збор за застој на моторот.