Се урна авион во Богота, петмина загинаа (ВИДЕО)

Се урна авион во Богота, петмина загинаа
Се урна авион во Богота, петмина загинаа

Најмалку пет лица загинаа, а седум други се повредени синоќа, кога мал авион се урна врз населба во колумбискиот главен град Богота, набрзо по полетувањето од блискиот аеродром.

Како што соопшти колумбиската Управа за цивилно воздухопловство, авионот полетал од аеродромот „Ел Дорадо“ и по три минути се урнал врз населбата Енгатива.

Шефот на полицијата во Богота, мајор Гумберто Гатибонса Карено информира дека при несреќата загинале пилотот и тројца патници на авионот, како и еден локален жител на Енгатива.

Според Карено, седуммината повредени, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба, се наоѓале во една локална пекара врз која паднале делови од авионот и предизвикале пожар.

Ова е трета слична несреќа во Богота во последниве три месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.