Се урна авион во Колумбија, загина пилотот и шест патници

Сите шест патници и пилотот загинаа при уривање на мал патнички авион во северниот дел на Колимбија, објавија локалните медиуми, пишува МИА.

Пилотот непосредно пред падот ја известил контролата на летање за механички дефект.

Авионот од типот „Цесна“, на малиот регионален авиопревозник „Алас“ исчезнал од радарите на летот од Букараманга кон Малага, во провинцијата Сантандер.

Пилотот се обидел да се врати кон Букараманга, околу 245 километри североисточно од Богота и да атерира откако ја известил контролата на летање за механичкиот дефект. Авионот набрзо се урнал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.