Свет

Се урна авион врз куќа, најмалку 2 загинати

Се урна авион врз куќа, најмалку 2 загинати
Се урна авион врз куќа, најмалку 2 загинати
Индонезиски воен авион се урна денес врз куќа за време на пробен лет при што загинаа двајцата членови на екипажот, а жена од куќата е тешко повредена, изјавиле официјални лица.

АП пренесува дека загинатите се двајцата пилоти, а повредената жена од куќата врз која се урнал малиот авион е во критична состојба.

avion-indonezija

Командантот на базата истакнал дека авионот летал 45 минути, по што била побарана дозвола за слетување, но контактот со леталото бил веќе загубен.

avion-indonezija1

Истражни тимови кои се на местото на несреќата треба да ги утврдат причините за истата.