Се урна дел од улица во Пржино

Утрово се урна потпорен ѕид на улица „Пандо Кљашев“ во населбата Пржино во скопската општина Кисела Вода.

Половина од коловозот е паднат во градежната парцела која ја направил инвеститор со градежна машина.

Екипа од градежниот инспекторат на општина Кисела Вода е излезна  на терен.

Жителите на околните куќи велат во повеќе наврати предупредувале дека ископот кој го врши инветитотор под патот ќе предизвика свлечиште.

Градежниот инспекторат на Општина Кисела Вода, на изведувачот на градежните работи, фирмата Хантерс ДООЕЛ Скопје,  веднаш му издал усна наредба за прекин на работните активности на објектите. А, во подготовка е и решение за прекин на градежните работи.

Од фирмата изведувач, Хантерес ДООЕЛ Скопје веќе започнаа со активности за санација на настанатата штета, како и изградба на нов потпорен ѕид. На изведувачот  од страна на Општина Кисела Вода му е наложено прво да изврши целосна санација на штетата, па потоа да започне со изведба на градежни работи на објектите. Воедно, изведувачот на објектите за кои поседува  дозвола за градба се обврза по завршувањето на градежните работи да изврши и асфалтирање на горната и долната улица „Пандо Кљашев“.

ФОТО: ВЕЧЕР