Се урна дискотека во Сантијаго, двајца мртви

Две лица го изгубија животот и 12 се повредени кога се урна еден дел од дискотека за време на концерт во центарот на Сантијаго во текот на ноќта соопштија чилеанските власти. По уривањето дошло до стампедо меѓу посетителите.

Панк концертот бил во тек, а свирела една британска група.

Според првите елементи на истрагата пренатрупаноста на дискотеката во моментот на катастрофата би можело да биде одговорна за уривањето на структурите на клубот, соопшти полицијата.

Повеќе од 200 лица се евакуирани а сопственикот на дискотеката е уапсен.