Свет

Се урна хеликоптер на северот од Ирак

Се урна хеликоптер на северот од Ирак

Ирачки хеликоптер, кој доставувал хуманитарна помош за раселените Јазиди на планината Синџар, се срушил, изјави денеска, портпаролот на ирачката војска, генерал Касим ал Мусави.

Мусави додаде дека се работи за хеликоптер од руско производство, но не наведе ништо друго подетално за несреќата.

Илјадници Јазиди, припадници на малкцинство кое зборува курдски јазик, побегнаа од своите домови на почетокот на август, бидејќи џихадистите од Исламската држава го зазедоа нивниот град.

Хуманитарна помош по воздушен пат, освен ирачката војска, последниве неколку дена им доставуваат и САД и нејзините сојузници.