Вознемирувачко видео: Се урна малезиски патнички авион, загинаа 295 патници

Малезиски патнички авион од типот Боинг 777 со 280 патници и 15 членови на екипаж, се урна на територијата на Украина, во близина на границата со Русија.

Како што пренесува Ројтерс, Боингот летал од Амстердам за Куала Лумпур. Потврдено е дека сите патници загинале.