ТОП,Свет

Се урна патнички авион со 69 патници – нема преживеани

Се урна патнички авион со 69 патници – нема преживеани

Се урна патнички авион со 69 патници. Авионот кој леташе од Дубаи се урна при слетувањето на аеродромот во рускиот град Ростов. Боингот 737 припаѓаше на авио компанијата Флај Дубаи.

Според информациите од аеродромот, Боинг 737 се урнал за време на вториот обид за слетување. По падот избил јак пожар. За сега нема вести дека има преживеани.

avion-flaj-dubai-2

Како причина за падот се наведува техничка грешка или грешка на пилотот.

За време на падот починаа 62 патници и 7 членови на екипажот… Никој не ја преживеа оваа несреќа, изјавил официјалниот преставник на Министерството за вондредни ситуации, додавајќи дека сите патници се државјани на Русија, а екипажот на авионот имал странско потекло.