Свет

Се урна патнички авион на аеродромот во Катманду

Се урна патнички авион на аеродромот во Катманду

Патнички авион на бангладешката воздухопловна компанија „US-Bangla“, во кој според непотврдени податоци имало 71 лице, се урна во понеделникот при слетувањето на меѓународниот аеродром Трибхуван (TIA) крај непалската престолнина Катманду, соопшти портпаролот на аеродомот додавајќи дека се стравува оти има жртви.

Во авиионот, според неофицијалните податоци , имало 78 патници, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, пренесува локалниот портал My Republica.

Според прецизираните податоци во авионот кој полетал од Дака со ознака S2-AGU од типот „Bombardier Dash 8 Q400“ со 67 патници и четворица членови на екипажот се урнал во 14,20 часот по локално време, а потао се запалил.

„Во авионот имаше 67 патници и 4 членови на екипажот. Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола и да ги спасиме патниците“, изјавил портпаролот на аеродромот, Прем Нат Тхакур.

Портпаролот на непалската влада, Нарајан Прасад Дували, за агенцијата AFP изјавил дека голем број тела и повредени лица се пронајдени крај остатоците од аионот. „Штотуку вадиме тела и повредени од остатоците“, рекол.

Според портпаролот на аеродромот, „досега 20 повредени се хоспитализирани. Полицијата и војската се обидуваат да влезат во трупот на авионот и да ги спасат другите“.