Се урна потпорен ѕид, сообраќајот во прекин

Сообраќајот од Шипковица кон Бродец, Вешала и Бозовце е во прекин откако се урна потпорен ѕид.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека според неговите информации, до уривањето на делот од ѕидот што бил долг околу дваесеттина метри дошло изминатата ноќ нешто по еден часот по полноќ и при тоа нема повредени лица, ниту оштетени возила, пренесува МИА.

За настанот, информира Јосифоски, биле известени локалната самоуправа во Тетово и другите институции кои треба да реагираат и да го остранат материјалот што го попречува сообраќајот.