Се урна рудник во Пакистан, 11 лица загинаа

Најмалку 11 лица загинаа, а две се спасени кога рудник за мермер се урна во северозападниот дел на Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти, пренесе МИА.

Несреќата се случила вчера, во областа Зиарат, во селото Лакаро.

– Рудникот се урна се време на минирањето во сабота навечер и досега пронајдовме 11 безживотни тела. Можно е да има уште луѓе заробени во рудникот, изјави локалниот функционер Мераџ Кан.

Тој дополни дека две лица се спасени и оти спасувачката акција е во тек.