Се урна руски воен авион, загинал пилотот

Руски воен авион МиГ – 29 се урна утрово во близина на рускиот град Астрахана.

Генералот Виктор Бондарев изјавил дека при падот на авионот загинал пилотот.

– Военото воздухопловство на Русија во моментот спроведува истрага за несреќата, а според прелиминарните податоци, авионот ловец се урнал поради механички дефект, посочи генерал Бондарев.