Се урна воен хеликоптер на Хаваи, еден маринец загина

Еден американски маринец загина, а уште 21 лице се повредени синоќа при уривање на воен хиликоптер од типот „МВ-22 Оспри“ на Хаваите.

Портпаролот на Пацифичката флота на американската Воена морнарица, Алек Лим соопшти дека хеликоптерот се урнал при обид за принудно слетување.

Тој информира и дека повредите на лицата во хеликоптерот се движат „од критилни, до лесни“.

Според Лим, во време на несреќата во хеликоптерот се наоѓале 21 војник и еден болничар.

– Во тек е истрага за причините на несреќата, додаде Лим.

Хеликотерот бил користен за обука на војниците во воздухопловната база „Белоуз“ на хавајскиот остров Оаху.