Се урна зграда во Кина, најмалку 17 загинати

Двокатна зграда во Кина се урна при реновирање, при што загинаа 17 градежни работници, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случи вчера попладне, а од под урнатините извлечени се 23 повредени лица, од кои деветмина се во тешка здравствена состојба.

Причините за уривањето на зградата, изградена во 1990 година се уште се испитуваат. Неколкумина се осомничени за несреќата и се во домашен притвор.