Се урна зграда во кинескиот град Гуијанг, 15 лица исчезнаа

Најмалку 15 лица се водат за исчезнати по уривање на станбена зграда во градот Гуијанг, во кинеската провинција Гуејџоу, поради лизгање на земјиште, додека спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, јавија градските власти, објави МИА.

Во станбениот блок живееле 114 лица. Зградата се урнала по активирање на лизгање на земјиштето предизвикано од поројни дождови.

Според локалните власти 98 станари се на безбедно, а со 16 не може да се дојде во контакт