четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Се урнаа две згради во Мароко, еден загинат и 16 повредени

maroko

Последни вести

Едно лице загина, а 16 други се повредени синоќа при уривање на две станбени згради во мароканскиот град Казабланка.

Како што јавија мароканските медиуми, претставник на полицијата изјави дека конечниот биланс на загинати може да биде и поголем, затоа што шестмина од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Причината за уривањето на заградите официјано не е позната, но се претпоставува дека тоа се должи на непочитувањето на архитектонските норни при изградбата и на користењето на неквалитетни градежни материјали.

При уривање на неколку станбени згради во Казабланка во јули 2014 година загинаа 23 лица.

Најчитани вести