Се уште критична состојбата на повредените од вчерашната експлозија

Се уште е критична состојбата на повредените од вчерашната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште. Тројца од повредените се борат за живот, а двајца од нив дишат на апарати.

Дваесет и седумгодишниот Д.К. , Ж. А. (59) и З.С. (51) се здобиле со изгореници од четврт степен, нивното тело е изгорено 90 отсто. Полесно повреден е 39- годишниот Г.Ј., кој се здобил со телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

До несреќата дошло кога додека вработените изработувале калапирање на гази во еден момент дошло до искрење на некоја од газите по што настанала експлозија и пожар.

Истрагата е во тек, а со подетални информации за причините за несреќата се очекува да излезе јавното обвинителство.