Се’ уште е неизвесно дали ќе има промени во цената на струјата

И покрај неофицијалните информации дека цената на струјата ќе оди надолу, од Регулаторна комисија не потврдуваат дали пресметките одат во таа насока.

„Во период сме кога се пресметува цената, кога се утврдуваат трошоците во рамките на работните групи во комисијата. И во овој момент не би можел да кажам какви ќе бидат предвидувањата. Неблагодарно е да зборуваме кои и какви трошоци ќе имаат влијание и сето тоа е во согласност со методологијата. Се надевам дека следната недела по одржување на подоготвителната седница ќе имаме информација”, вели Димитар Петров од Регулаторната комисија за енергетика.

Според регулаторите секоја од компаниите има различни трошоци, ако кај една се намалени, кај друга може да се зголемени, но практично тоа може да нема значајно влијание врз крајната цена што ја плаќаат корисниците.