Сé уште нема никаков одговор на предлогот за законско решение за породилното отсуство инициран од ВМРО-ДПМНЕ

Минтата седмица пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до сите пратеничките групи го доставија законското решение за продолжување на породилно отсуство, но од пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците сé уште не се изјасниле и немаат никаков одговор во врска со позитивните законски измени.
Станува збор за законско решение кое е идентично со предлог-законот којшто го поднесе граѓанската иницијатива потпишана од 217 мајки до Собранието на Република Македонија, а подоцна како неуредна беше одбиена на Комисијата за политички систем од страна на мнозинството предводено од СДСМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и БЕСА, но и до Алијансата за Албанците, уредно во писмена форма ги доставија измените на Законот за работните односи кои се однесуваат на продолжување на породилното отсуство за идните мајки.

Имено, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата која ја одржаа пред неколку дена уште еднаш ги повикаа пратеничките групи да се изјаснат и да ги поддржат овие законски измени со кои ќе се излезе во пресрет на барањата на идните мајки.

Затоа, како што велат тие, токму во преку оваа ситуација ќе се покаже дали парламентарното мнозинство навистина ќе се грижи и ќе работи во интерес на граѓаните.