Македонија

Се утврдуваат причините за експлозијата пред Судот

Се утврдуваат причините за експлозијата пред Судот

Полицијата се уште истражува кои се извршителите и мотивите за синоќешната експлозија што се случи околу 19:30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во близина на скопските судови.

Во експолозијата нема повредени, а не е причинета ниту голема материјална штета. Оштетена е жардињера на булеварот спроти судовите.

Случајот во полиција го пријавил вработен во Судот.

фото: МИА