ВИДЕО: Се венчаа под вода

Веста за двајца жители на Мајами кои се венчаа под вода, е една занимливост што во моментов ја пренесуваат речиси сите поголеми светски медиуми.

Во вторникот се случи една од најнеобичните венчавки досега. Двојка од Мајами реши судбоносното „Да“ да го каже на 8 метри длабочина.

ВИДЕО: Се венчаа под вода
Се венчаа под вода

Двојката го избра денот и местото бидејќи тоа е 50-тата годишнина од инсталацијата на познатата статуа под вода позната како „Исус од длабочините“.

Свадбата на двојката се одржала веднаш пред статуата, која се наоѓа на околу 8 метри длабочина.

Двојката за време на венчавката користела посебен видео линк, кој им овозможил на нивните пријатели да присуствуваат на големиот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.