Се венчаа принцот Филип Караѓорѓевиќ и Даница Маринковиќ (ФОТО)

Во Соборната црква во Белград во саботата се венчаа принцот Филп Караѓорѓевиќ, син на принцот Александар и Даница Маринковиќ, ќерка на српскиот сликар Милан Циле Маринковиќ.

Во Соборниот храм двојката, којашто летово имаше веридба во Лондон, ја венчаше српскиот патријарх Иринеј.

Триесет и петгодишниот принц Филип е вториот син на принцот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Марија да Глорија од Орлеан и Браганса. Како што пренесуваат медиумите, невестата 31-годишната Даница Маринковиќ одбрала фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ којашто работи во Велика Британија.

Таткото на принцот Александар, кралот Петар е последниот крал од династијата КАраѓорѓевич, Абдицирал во 1945 година и живееше во егзил.