Се влошува здравјето на данскиот принц, семејството се собира

данската кралица Маргарета Втора ја напушта болницата по посетата на нејзиниот сопруг принцот Хенрик

Здравјето на принцот Хенрик, роден како Анри Мари Жан Анде д’Лаборд д’Монпезат, сопругот на данската кралица Маргарета Втора, се влошува, соопшти кралската палата, а изминатиот викенд семејството се собрало за да биде крај него.

Според пишувањето на данските медиуми, кралицата и другите членови на кралското семејство во неделата се менувале крај болничката постела на принцот кој е инаку роден во Франција.

Во болницата „Rigshospitalet“ прво пристигнал најстариот син, престолонаследникот 49-годишниот принц Фредерик со сопругата Австралијката Мери и нивните четири деца, потоа помладиот син, 48-годишниот принц Јоаким со сопругата Французинката Мари и децата, а на крајот пристигнала и кралицата.

Принцот Хенрик го посетила и една од неговите две сестри, Катрин де Монпезат, која е чесна сестра во Тулуз, којашто допатувала во Данска. Постарата сестра Франсоа Барден е премногу болна за патување до Данска, каде што планираат да допатуваат и браќата на Хенрик. в

„Состојбата на Хенрик е загрижувачка, сите сме загрижени па ќе го посетиме“, го цитираат медиумите неговиот 75-годишен брат Етјен.

Данската кралска палата соопшти во петокот дека по лекувањето од воспаление на белите дробови коешто трае од јануари, неговата состојба се влошила. Принцот Хенрик се разболел во текот на патувањето по Египет.

Поради болеста на 83-годишниот татко, принцот Фредерик, кој е инаку член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), е врати во Данска од Јужна Кореја каде што присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг а потоа ги следеше натпреварувањата.

На почетокот од февруари беше објавено дека на принцот Хенрик му е поставена дијагноза за бенген тумор на белите дробови, а ланскиот септември беше соопштено дека пати од деменција, како и дека ќе ги ограничи своите кралски обврски.

Кралицата Маргарета Втора се омажи за Хенрик во 1967 година, а крунисана беше во 1972 година.