Се воведува зонско паркирање во Гостивар

Во просториите на Општина Гостивар, денеска се потпиша договорот за јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП “Комуналец“ и Трговското друштво “Дуна” за поставување, одржување, стопанисување со системот за зонско паркирање на територијата на град Гостивар.

На прес-конференцијата организирана по овој повод, градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта рече дека воведувањето на зонското паркирање е долгогодишно барање на сите граѓани на Гостивар, како и ветување дадено во текот на изборната кампања.

“Градот Гостивар е прв град во полошкиот регионот кој воведува зонско паркирање и со овој чекор, прашањето на паркирање во Гостивар ќе биде решено иста како и во главниот градо на Македонија и гардовите во европските земји. Сообраќајниот хаос ќе се елиминирани еднаш засекогаш и нема да се случи возилата да ги зафатат тротоарите и други површини кои се предвидени за движење на пешаците, нашите деца, старците и нашите мајки”, изјави градоначалникот Невзат Бејта.

14_11_2014_parkimi_zonal (4)

Тој посочи дека во согласност со договорот што беше потпишан денеска, а за што претходно донесе одлука Советот на Општината, на Јавното претпријатие “Комуналец” му се дава право на добивка од 62%, додека на приватниот партнер 38% и дека цените на услугите се регулирани според зони. “Покрај тоа што со новото управување паркинг услугите ќе се наплатуваат, ќе биде ограничено и времетраењето на паркирање. На овој начин, сообраќајот ќе се одвива многу подобро отколку досега и нема да се дозволи возилата да се паркираат на места каде што тоа не е дозволено”, изјави градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

Во однос на техничките аспекти на примената на зонското паркирање во делови на градот Гостивар, зборуваше и директорот ЈП “Комуналец” Мемедали Џафери, кој истакна дека приватниот партнер ќе има обврска да го постави и одржува информатичкиот систем за воспоставување на зонско паркирање, наплатата, контрола и да управува со целиот систем, набавката и одржувањето на серверите и другата компјутерска опрема за 24/7 работа.

14_11_2014_parkimi_zonal (5)

“Цените на услуги ќе бидат во согласност со ценовникот одобрен од страна на Советот на општината, а наплатата во готово ќе ја вршат работници за што ќе се издаваат фискални сметки, или преку смс пораки од мобилен телефон, како што се практикува во главниот град”, изјави директорот Џафери, при што истакна дека подготвителната работа ќе започне веднаш а се очекува во рок од еден месец да сењ стави и во функција.

Од друга страна, директорот на Трговското друштво “Дуна” Коце Петров во својство на приватен партнер, истакна дека ова претпријатие има искуство во однос на зонско паркирање и на граѓаните на Гостивар им вети квалитетни услуги.