Македонија

Се вози по влажни коловози, магла на Стража

Се вози по влажни коловози, магла на Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

На патниот правец Крак-Стража-Кичево има магла со видливост до 50 метри.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“  се на терен и редовно ги оддржуваат  проодни сите патни правци.