Се враќаат сините картони за лекување

Сините картони за лекување повторно се враќаат во употреба откако им истече рокот на здравствените електронски картички кои што беа издадени во 2011 и 2012 година, а имаа рок на траење од 5 години.

Во моментов, се’ уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па Фондот за здравство на осигурениците започна да им издава сини картони.

Сите осигуреници на кои ќе им истече здравствената електронска картичка ќе треба да појдат во подрачните единици на Фондот за да си подигнат сини картони.