Се врати дома исчезнатото девојче од Аеродром

Девојчето од Мичурин кое исчезнало во текот на вчерашниот ден се вратило дома, информираат од СВР Скопје.

Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината 30-годишна мајка која во полициската станица Аеродром кажала дека нејзината ќерка последен пат била дома во периодот меѓу 11 и 13 часот вчера.

Никогаш досега не се случило ова девојче да го напушти домот без да го извести семејството каде оди.

14-годишното девојче, за среќа, се вратила во домот во стан во населба Мичурин.

Околу 15 часот скопската полиција била известена дека во текот на денешниот ден девојчето се вратило дома само.