Се за жените во врска или во брак: Каков маж ви одговара?

Дали некогаш сте помислиле дека не ја познавате доволно добро жената со која што живеете или со која што сте во брак или која ја сакате и би сте сакале со неа да го поминете целиот живот? Еве прилика доколку се одлучувате за брак или сте веќе оженети подобро да ги запознаете „брачните особини“ на вашиот партнер. Затоа што, којзнае, можеби токму ова ќе ви помогне повеќе да ја сакате и подобро да ја разберете во бракот.

Овен

Некои знаци во хороскопот, без разлика дали се работи за т.н. „машки“ или „женски“ прават подобри жени отколку мажи и обратно. Овенот е мошне машки знак, но мажите Овнови не се толку чисти типови, така што сега доаѓа до губење на силата на самиот знак. Жената родена во овој знак претставува еден од најразвиените женски типови во Зодијакот.

Сите жени Овнови се прекрасни жени на кои што им одговараат само амбициозни мажи. Имаат брилијантен, независен ум и телесно се здрави. Сакаат да го поминуваат времето во конструктивни и паметни разговори во добро и почитувано друштво. Понекогаш сакаат да помагаат, па и да му се мешаат мажот во работата. Жените од овој тип никогаш нема да ги видите како умираат од досада или како се излежуваат во креветот жалејќи се на било какви болки. Таа е пред се активна, племенита и е вистински другар за нејзиниот сопруг.

Изгледа убаво и се обидува да ги импресионира. Таа е многу горда на својот изглед. Гордоста е едно од најсилните средства. Речиси секогаш има исклучително високо мислење за себе и своето семејство и никогаш нема да се двоуми јавно да го признае тоа, поради што многумина се љубоморни.

Зависта и желбата да се натпреварува во социјална смисла, се две од најлошите карактеристики. Таа е љубоморна кога нејзиниот сопруг не и’ посветува доволно внимание. Таа знае дека е добра и тоа е причината зошто сака нејзиниот сопруг да се концентрира само на неа и на ништо друго. Овој тип жени се најсреќни во брак, доколку се омажени за страсен и посесивен маж. Таа, исто така се жртвува за нејзиното семејство. Толку многу може да е благородна и дарежлива, не само за своето семејство, но и за другите, па често другите ги доведува до обврски што тие не се во можност да ги исполнат.

На жената Овен најмногу и’ оговара агресивен човек. Нејзе во никој случај не може да и’ одговара повлечен, срамежлив, или на било кој начин „мек“ тип. Таа може да го сака само оној што длабоко ја почитува и ценети. Ако мажот знае како да се постави кон неа и ако ја прифатите нејзнината доминантна улога во се, жената  Овен жена ќе биде негова до крајот на животот.

Бик

Сопругата на Бик е еден од најпосветените и најодговорни сопруги во Зодијакот. Таа никогаш прва нема да го постави прашањето за развод и повеќе би сакала со стиснати заби да ја преживее кризата, отколку да дозволи светот што го создала да пропадне. Екстремно го сака семејниот живот, и домот е е многу убаво уреден. Таа е посветена мајка и сакана жена, кој е задоволна со вниманието на нејзиниот сопруг. Тие изгледаат благи, задржани и делуваат пријателски, но под таа маска, тие можат да бидат посесивни и љубоморни, како и жените Овни и жените Бикови се сконцентрирани на стекнување материјални добра. Разликата помеѓу жените Овни и овие жени е во тоа што кај првите љубомората е прво фокусирана на областа на љубовта, додека кај другите е фокусирана на планот за стекнување на материјални добра. Таа никогаш нема да се сомнева во верноста на нејзиниот сопруг, зашто за неа тоа некако само по себе се подразбира.

Мшне е афективна и демонстративна личност, целосно свртена кон домот и семејството, на кои постојано им служи и каде што ја наоѓа смислата на животот. Нејзиниот сопруг и служи за да може да ужива во секој момент во животот. Тоа е многу зависна од нејзиниот сопруг и себеси сама може да си помогне само ако е потребно. Посветеноста на овој тип на жени најдобро може да се види ако до нив имаат успешен човек, тип на човек кој е важен и ценет во неговата работа, пред се, и кој може да и’ обезбеди удобен и луксузен живот, богат и мирен дом.

Близнаци

Овој тип на жена е интелектуалка. Таа покажува силна желба за интелектуален контакт со мажите. Природно за оваа жена е да се омажи и потоа интензивно да се ангажира во својата професија. Ова е причината зошто многу мажи не може долго да издржат со неа. Ако сакате хармонична врска со неа, треба по ова прашање да настапите многу тактички. Понекогаш таа сфаќа дека е невозможно успешно да работи и на двете полиња, па се откажува од кариерата. Како и да е, во повеќето случаи, навистина се способни да ги усогласат двете работи.

Тие не се толку многу често во домот, како и другите жени. Многу се префинети, не толерираат неред и нечистотија. Во секое општество, таа блеска со посебен сјај. Тоа е добро информирана и артикулираат и е идеален партнер за човекот што има силен и моќен професионален живот. Одлично и одговараат лекарите, адвокатите и сите други професии кои бараат големи социјални контакти.

Понекогаш жените Близнаци се склони кон флерт, па често им задаваат проблеми на нивните партнери. Партнерот на овие жени би се чувствувал многу подобро ако сето тоа остане само на зборови. Нејзиниот здрав разум и силен инстинкт, сепак, нема да и дозволат да ги жртвува децата и сопругот за малку романса.

Рак

Многу чувствителните и интиутивни души ги привлекуваат сочувствителни и романтични мажи. Припадниците на овој знак ги прати променливо расположение. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и баш поради тоа се многу внимателни и бавно влегуваат во сериозни врски. Но, кога еден маж ќе го пуштат во својот свер, стануваат верни и врската ја сметаат за светост. Поврзани се со семејството и од партнерот го очекуваат истото.

Лав

Каде и да се појават, жените Лавови привлекуваат вниманите. Тие зрачат со енергира и топлина што ги привлекува мажите, пособено оние кои се моќни.  Позитивните Лавици обожаваат да бидат заљубени и уживаат кога партнерот  ги опсипува со скапи поклони и изненадувања. Во работата и во животот тежнеат за стабилност, но во љубовта се подготвени на се. Додека веруваат во партнерот и неговата љубов ќе дадат се, но веќе при првите знаци на несигурност во неговата преданост, жените Лавови се подготвени за нови потфати.

Девицa

Ти се перфекционистки кои од партнерот очекуваат да ја прифати оваа нивна силно изразена особина. Чувствителноста е исто така една од нивните поизразени особини. Кога ќе се заљубат жените Девици на партнерот ќе му пружат баш се. Тие ги памтат датумите на значајните моменти и сакаат да подготвуваат мали, слатки изненадувања. Многу се интелигентни и стојат позади своето мислење, односно многу е тешко да ги убедите во спротивното. Сакаат различни типови на мажи, а главна особина им е тоа што во љубовта не влегуваат само со срцето, туку и со главата.

За другите знаци повеќе на следната страница…