Се за жените во врска или во брак: Каков маж ви одговара?

Вага

Првиот впечаток кои жените Ваги го оставаат на мажите е беспрекорниот изглед кој се памти. Иако можеби на прв поглед се арогантни и кога се во прашање машите многу пребирливи, овие жени имаат бистар истото го очекуваат и од мажот.

Еднаш кога ќе се поврзат, подготвени се на партнерот да му понудат права љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и уживаат во расправии и во се бараат убавина и квалитет.

Скорпија

Да запознаете жена Скорпија во потполност воопшто не е лесна работа. Тие го сакаат својот мир и многу тешко ги пуштаат мажите во својот простор. Иако се зависни од љубовта, тие  се плашат од разочарувања и неуспеси, од што се штитат со емоционални огради. Овие жени во врската влегуваат полека и сигурно, а кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер многу се посветени и верни, но предававството е она што овој знак го претвара во прав борец.

Стрелец

Имаат големи животни апетити и истото го очекуваат од партнерот. Интелигентни и силни, жените Стрелци во што и да се зафатат внесуваат голема страст, со што привлекуваат многу мажи. Тие сакаат згодни и физички привлечни мажи. Искрени се како личности кои кога ќе ја пронајдат вистинската љубов, подготвени се за стабилна и долга врска.

Јарец

Односто на овие жени спрема животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат вредности кои се во склад со нивните сфаќања. Жените Јарци не е лесно да ги освоите. Кај нив љубовта не може да се појави како гром од ведро нево. Ретко доживуваат големи љубови и попрво ќе останат сами отколку во површна врска, но кога ќе се одлучат да се врзат за некој тоа е за цел живот.

Водолија

Од нивниот понекогаш ироничен став, сепак се крие несигурност и недоволно самодоверба. Жените Водолии сакаат мажи кои интелектуално ќе ги привлечат и тоа им е поважно од физилкиот контакт. Овој знак нема физички критериуми за мажите и секојпат ги привлекува нешто ново. Многу се забавни и креативни, а пријателството им е на прво место. Иако се подготвени да сакаат, многу тешко ќе признаат дека се заљубени.

Риби

Сакаат да бидат заљубени, макар и во теорија. Имаат изразени мечти и секој момент го прават посебен и магичен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прават посакувани партнерки, но токму тие особини можат да ги однесат во свет кој нема врска со реалноста. Исто така, можат да ги привлечат неконвенционални мажи, односно мажи со изразена мрачна страна.