Се задуши 26-годишно момче во Штип

Во петокот вечерта Штип го потресе голема трагедија, во која несреќно загина 26-годишниот М.С. од Штип. Трагедијата се случила по пијанка со друштвото, во која сите се напиле и заспале, по што 26 годишниот М.С не се разбудил.

Како што пшренесува ТВ Стар, тој со друштво во стан во зграда во населбата „8 Ноември” се забавувале до раните утрински часови. Потоа сите заспале. Додека спиел, младиот М.С. обилно повратил од што и се задушил. За жал никој од пријателите во собата не се разбудиле и не успеале да му помогнат.

Откако сите се разбудиле, доцна попладнето дознале што всушност се случило со нивниот пријател. Веднаш повикале брза помош и полиција, но веќе било доцна за каква било интервенција.

Полицијата вчера повеќе часови биле присутни во станот, но официјални информации се уште немаат.

Младиот Мишко бил погребан вчера.