Се задушила во автомобилот за време на паузата од трите смени

Марија Фернандес, млада Американка по птекло од Португалија починала

во својот автомобил од гушење од јаглерод монооксид во пауза меѓу една од трите свои работи..

Починала додека се обидувала неколку минути да дремне.

„Секој ден работеше по три смени. Некогаш не спиеше и по пет дена, вели колешка на покојната.

Една од нејзините надредени, Софија Пачес вели дека Фернандес се покажала како вредна работничка во четирите години додека работела за компанијата. Понекогаш после завршување на ноќната смена, во 6 часот наутро, спиела во автомобилот по неколку часа, а потоа одела во другата продавница.

Без разлика на истоштувачкиот дневен ритам, дента кога починала било прв пат во четири години да не дојде на работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.