четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 43

СЕ загрижен за односот кон бегалците на границата меѓу Грција и Македонија

Специјалниот претставник за мигранти на генералниот секретар на Советот на Европа Томаш Бочек во извештајот изработен по посетите на Грција и Македонија од март изразува загриженост за, како што се наведува лошиот третман на мигрантите на границата со Грција и предлага подобра обука на припадниците на силите на редот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

100094103

Последни вести

Во извештајот тој дава серија препораки со кои Советот на Европа треба да им помогне на македонските власти да ги обучат припадниците на силите на редот, со цел да се гарантира „дека границата на  Македонија со Грција е контролирана во согласност со обврските на земјата во областа на човековите права“.

Во него се додава дека последниве месеци биле одбележани со зголемени тензии на границата меѓу Македонија и Грција во контекст на приливот на мигранти кои сакаат да пристигнат во западна Европа преку Балканскиот пат, но по затворањето на границата од страна на земјите членки на Европската Унија, тие останале блокирани на границата.

– Повеќе стотици мигранти беа повредени во обидите да ја преминат насилно грамицата, но исто така и припадници на силите на редот. Македонската полиција користеше солзавец и шок бомби за да ги одбие обидите на мигрантите насилно да ја преминат границата. Според невладината организација Лекари без граници, македонската полиција користела и гумени куршуми, обвинување кое беше дематирано од македонските власти, се вели во него.

Во извештајот, специјалниот претставник за мигрантите Томаш Бочек, исто така, повикува да се изнајдат средства за на мигрантите да им бидат понудени достојни услови за прифаќање.

Така тој е посебно загрижен за задржувањето на децата мигранти во Грција, повикувајќи да се изнајдат решенија за замена на оваа мерка и бара да биде гарантирано образованието за децата кои се наоѓаат во камповите за мигранти.

Бочек, исто така изразува стравување дека договорот склучен со Турција може да ги доведе децата да поминат подолг период во центрите за задржување во близината на центрите за регистрирање на мигрантите.

При посетата на Македонија, Томаш Бочек ги посети прифатните кампови во Гевгелија и Табановце, при што тој во Гевгелија беше скоро празен при постетата, а кампот во Табановце пренаселен.

Најчитани вести