Се зајакнува соработката помеѓу Турција и Ирак против ИД

Турција и Ирак кои стравуваат од напредувањето на Исламска држава, ветија дека ќе ја зајакнат воената соработка во борбата против радикалните сунитски милитанти. Ова на конференцијата за новинари го потврдија двајцата премиери, пренесе Ројтерс.

– Турција е подготвена да соработува заедно со Ирак на зголемување на воената соработка, рече премиерот Ахмет Давутоглу по прес конференцијата со неговиот колега од Ирак Хајдер ал-Абади.

Турција, која е членка на НАТО и која граници со Сирија и Ирак, почна да дава воени вежби на ирачките Курди и најавила дека е подготвена да соработува со Националната гарда на Ирак.