Се заканил на сопружници дека ќе ги убие и им побарал пари

Дваесет и деветгодишниот струмичанец И.Н. доби кривична пријава поради разбојништво.

Тој маскиран влегол во домот на П.Б. (88) и Ѓ.Б. (89), ја уништил телефонската инстлација, им се заканил дека ќе ги убие и им побарал пари.

Ѓ.Б. успеала да му ја тргне маската на пријавениот, по што го препознала, а истиот се  дал во бегство.