Македонија

Се запали куќа во Неготино, настрадани нема

Се запали куќа во Неготино, настрадани нема

Изутрина околу 4 часот избувнал пожар во семејна куќа во Неготино, на улицата „Цандо Кожинков“.
Како што информира Противпожарната единица, изгореле дел од таванската конструкција и од покуќнината.

Причините за пожарот и предизвиканата материјална штета се уште се утврдуваат.

„Пламените јазици зафатија еден дел од братска семејна куќа во Неготино. Изгоре дел од таванот изграден од греди и трски, како и дел од покуќнината. Пожарот беше навремено пријавен и веднаш интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари,“ изјави Иле Илиев, командир на неготинската територијална противпожарна единица.