Се запали „Мерцедес“ во движење на патот Гостивар-Кичево

Околу 15 часот вчера, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај каменоломот, дошло до опожарување на возило „Мерцедес“ со хрватска национална ознака, управувано од 75-годишниот М.Г. од Хрватска, кое било во движење.

Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.