Крими хроника

Се запали пицерија во Центар

Се запали пицерија во Центар

Пожар избувнал попладнево во пицерија во центарот на Скопје.

Пред опожарената пицерија „Леоне“, која е во преминот кај „Палома Бјанка“ се забележани протипожарни екипи кои, за среќа успеале да ги совладаат пламените јазици.

Засега не се познати причините за пожарот ниту висината на матерајлната штета.

Од МВР потврдуваат дека кај нив пријавено е дека опожарен е оџак на објект во Палома Бјанка.