Се запали старата спортска сала во Миравци

Се запали старата спортска сала во Миравци. Синоќа околу 20:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Гевгелија била примена дојава за пожар во населеното место Миравци на објект од стара спортска сала.

Се запали старата спортска сала во Миравци
Се запали старата спортска сала во Миравци

Од страна на единицата излезено е на лице место со две противпожарни возила и со пет пожарникари и по интервенцијата од нивна страна пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување.

Се работи за објект кој не е под струен напон, изгорен е кровот на објектот и дел од внатрешноста.

Надлежните служби денес ќе извршат увид на лице места за да ги откријат причините за настанување на пожарот.