Се збунија порталите на Сорос и СДСМ – Кој ги објави кондомите со Груевски?

Во СДСМ не сакаат да се навраќаат на срамот од претходните години, но некој новинар во соросoвиот „Плусинфо“ очигледно се збунил, па ја врати во игра, срамната кампања во која пред 4 години се делеа кодноми со ликот на Груевски, пишува „Прес24“.

Јавноста очекувано беше згрозена од односот на опозицијата. Затоа, другиот портал кој се уредува во СДСМ, „Либертас“, побрза да објави текст под наслов „ВМРО се нафрли на кодноми стари 4 години“.

„Може да се разговара за тоа дали ваквата кампања била вкусна или не, дали била смешна или тажна, но сепак, чудно е зошто власта се наврати на тема стара 4 години, кога деновиве има толку многу актуелни теми и скандали за кои може да разговара и да се објаснува, како што е аферата со пасошите“ – напиша Либертас.

Освен што не може да се разговара за тоа дали камапњата била вкусна или не бидејќи е врвот на резилот во политичкиот маркетинг, порталот на СДСМ требаше да знае дека токму нивните колеги од порталот во соседната канцеларија ја отвори „темата стара 4 години“.

За да биде резилот поголем „Плусинфо“ ја избриша веста. Ако во моментов се обидете да го внесете линкот под кој стоеше овој пост, го добивате ова:

За среќа, и за да не може манипулаци од овој тип да поминат во јавноста, Гугл ги кешира (зачувува) претходно објавените страни, па успеавме да го извадиме вистинскиот текст на „Плусинфо“. Можете да го видите датумот и времето на објавување.

И да, тука е и текстот на „Либертас“. За нив нема да ни треба кеширана верзија во случај да се решат да го повлечат она што го напишаа. Имаме принт скрин.