Се зголеми бројот на жртвите од експлозијата во Киев (ВИДЕО)

Бројот на жртвите екслозијата од средата ноќта во центарот на украинската престолнина Киев, чија цел најверојатно бил пратеникот од Радикалната партија, Игор Мосијчук, се зголеми на две, соопшти во четвртокот Службата за безбедост на Украина (СБУ) и додава оти е отворена истрага за дело „Создавање терористичка група или терористичка организација“.

„Како што разбрав, има двајца загинати, еден од телохранителот на Мосијчук е локален жител, кој бил случајно присутен. Другите се вон животна опасност и се наоѓаат во болница“, ја цитира украинската телевизија 112 Укараина, портпролката на СБУ, Елена Гитлјанска.

Портпаролката на својот профил на Facebook подоцна напиша дека „Истрагата ги разгледува сите верзии, веќе е утврденио дека непознат сторител го разнел мотоциклот во близна на движењето на пратеникот“.

Во средата ноќта во близина на зградата на телевизијата Еспресо, најверојатно со далечински управувач, беше кренат во воздух паркиран мотоцикл во момнетот кога од него излегувале учесници во дебата. Вкупно настрадаа пет лица, од кои покрај двете жртви, се и самиот пратеник на Радикалната партија Игор Мосијчук, и политикологот Виталиј Бала, и уште еден од телохранителоте на пратеникот.

Како што соопшти прес-службата на Мосијчук, еден од телохранителите на пратеникот загинал во болницата, и тој „по цена на својот живот ги спаси другите луѓе“.