Се зголемува бројот на бегалци и мигранти на грчките острови

На островите во северниот дел на Егејското Море има се повеќе заглавени бегалци и мигранти, соопштија грчките власти.

Како што јави дописникот на МИА од Атниа, на островите Лезбос, Хиос и Самос моментно има 7.614 идентификувани лица, кои се подготвени да заминат за Пиреја.

Во последните 24 часа на островот Лезбос се регистрирани 821 нови бегалци, со што вкупниот број, само на овој остров достигна 5.019 идентификувани бегалци и мигрантите.

На Хиос се регистрирани 2.081, а на островот Самос 514 бегалци и мигранти.