Се зголемува бројот на мигранти во Кипар

Зголемен е бројот на мигранти кои што пристигнуваат на Кипар, алармираат кипарските власти соопштувајќи дека досега дале хуманитарен статус на 7.500 луѓе.

Статус на политички бегалци добиле 1.065 лица, а над 6.500 добиле дополнителна заштита. Повеќето од бегалците биле од Сирија, а досега биле поднесени два илјади барања за азил. Тие треба да бидат разгледани од Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Кипар не е меѓу дестинациите претпочитани за мигрантите, но во последно време бројот на новопристигнати мигранти е зголемен, што ја менува ситуацијата на островот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.