Се зголемува бројот за надоместок за трето и четврто дете

Бројот на родители кои од државата добиваат пари за трето и за четврто дете, се зголемил.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2012 година додаток за трето дете добивале 11.196 мајки, 15 татковци и еден старател, а во 2013 година ваков додаток земале 13.773 мајки, 20 татковци и 2 старатели.

Статистичарите евидентирале и благ пораст на корисниците на додаток за четврто дете.

Минатата година ваков додаток земале 840 мајки и и 3 татковци, а лани родителски додаток за четврто дете земале 848 мајки и 7 татковци.

Најголем број корисници на родителски додаток за трето дете има во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар.