Балкан

Се зголемува цената на струјата

Од 1. август, цената на струјата во Србија ќе се зголеми за 12 отсто. Во поскапувањето е вклучена и акцизата.

„Знаеме дека тоа ќе биде дополнителен удар за буџетот на граѓаните. И покрај поскапувањето на струјата, во Србија нејзината цена е пониска од опкружувањето и во Европа“, вели за „Блиц“, министерот за рударство и енергетика, Александар Антиќ.

578102_aleksandar-antic01rasfoto-vesna-lalic_f

тој најави дека социјално загрозените месечно ќе имаат  од 120 до 250 киловат часови бесплатно.

Министерот истакнал дека очекува поскапувањето на струјата и акцизите ќе го зголемат буџетот за 14,1 милијарди динари на годишно ниво.

Нема нови работни места без вложување во електростопантвото

Антиќ наведува дека е свесен дека никогаш не е добар момент за зголемување на цената на електричната енергија и укажува дека електроенергетскиот систем и електростопанството потребно е да останат стабилни.

„Нема отворање на нови работни места и фабрики ако не се вложува во електростопанството“, вели Антиќ.

Тој вели дека цената на струјата во Србија ќе остане најниска во Европа и наведува дека ќе биде 15 отсто пониска од цената на струјата во Македонија и 50 отсто пониска од цената на струјата во Црна Гора.

Корекцијата на цената е планирана поради аранжанот што Србија го потпиша со ММФ.